И покрај тоа што направија голем подвиг во Европската лига освојувајќи сребрен медал, македонските одбојкари, за разлика од кошаркарската репрезентација во 2011 и ракометарите на Македонија и Вардар, немаше кој да ги пречека на градскиот плоштад, по што сами заиграа оро.
Извор на видеото: Екипа
Сребрениот медал од Европската лига се чини не е доволен како за јавноста, така и за државата ако се знае дека пред Европската лига е Светската лига поделена на три нивоа во која учествуваат 20 европски репрезентации.
Ова е трета година како играме во финалето на Европската лига но не сме ја освоиле за да се искачиме едно ниво погоре.
Тие на турнирот беа предводени од капитенот Никола Ѓоргиев и запишаа седум победи пред да бидат поразени од Украина во големото финале.