Адвокатите кои ги бранат демонстраните Здравко Савески и Владимир Куновски на денешното судско рочиште побараа, налогот за вештање направен на Народната канцеларија на Иванов да биде изземен од доказните материјали.
Според нив, наместо Јавното обвинителство да го изврши вештачењето тоа го направил Државниот Правобранител, што, како што тие тврдат се коси со член 236 од Законот за кривична постапка, според кој ЈО е должно да издаде писмена наредба за вршење на вештачење, а во овој случај нема наредба од Обвинителството, туку барање од Народниот правобранител.
Одбраната исто така посочи дека вештачењето го правеле вештаци место проценители.
Во моментов судијата даде пауза по што најверојатно ќе се знае дали вештањето ќе биде изземено .
Одбраната исто така како доказ приложи имотен лист со денешен датум во кој стои дека Народната канцеларија не е во сопственост на РМ и затоа државата не може да бара оштета.
Савески веќе 45 дена е во домашен притвор. Од Шарената револуција и од Левица, чии членови се Савески и Куновски побараа нивно итно ослободување. Тие денеска пред Судот организираа протестен собир.




