Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната по испрашувањето на сведокот во „Монструм“: Тој лаже

1
By Нова ТВ on August 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско езеро од 12 април 2012 година, продолжува на 31 август, кога ќе продолжи и  испрашувањето на загрозениот сведок од страна на судот.

На денешното рочиште заштитениот сведок одговараше за прашања на адвокатите од одбраната, откако на рочиштето на 22 август заврши сослушувањето од страна на СЈО.

Одбраната се обиде со повеќе прашања, од тоа како биле облечени на минатото рочиште, до тоа дали е точно дека бил на местото на настанот или за тоа дознал од медиумите, да ја собори веродостојноста на исказот на  загрозениот сведок.

Загрозениот сведок насловен како Е1, кој исказот го дава од друга просторија со мутиран глас и заматена слика, повеќе пати повтори дека на местото на настанот бил на 9-ти, 10-ти, 11-ти и 12-ти април, каде го видел „Голфот 3“ со затемнети стакла на повеќе различни локации, како и други две возила. Прашан дали вечерта бил на местото на настанот, сведокот кажа да, и потврди дека видел четири тела.

Обвинетиот Фејзи Азири бараше објаснување од сведокот зошто и кој му бил мотивот да ги гледал токму нив и тоа така во детали, но прашањето не беше дозволено.

Претседателот на судечкиот совет, судијата Ставрев даде предлог да се договори на следното рочиште да се види и возилото.

Адвокатката на семејствата на жртвите, Дафинка Ивановска рече дека од денешното сведочење на загрозениот сведок произлегува многу јасно објаснување и кажување за настанот.

– Како сега, така и на досегашните претреси, неговиот одговор секогаш е јасен и прецизен и со сигурност може да се утврди дека ја зборува вистината, рече Ивановска.

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи, по завршување на судењето, рече дека во неколку ситуации можело да се утврди дека загрозениот сведок не ја зборувал вистината.

– Неколку пати, не само што беше конфузен, туку можам да кажам и се фати во конкретна лага, и во однос на времето кога ги видел и во описот на лицата кои ги посочува. Очигледно е дека ова е монтиран сведок и мислам дека мотивот ќе се расветли, рече Рауфи.

На денешното рочиште, во судница присуствуваа обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Самир Љута и Фејзи Азири, кој е спроведен од затвор Штип, каде отслужува казна за друго дело. За екстрадиција на обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, судијата Огнен Ставрев, кажа дека добил писмо од Министерството за правда дека постапката е во тек.

На 12 април 2012 кај скопското Смиљковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

заштитен сведок Монструм одбрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.