Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната во„ Талир 2“ тврди дека нема докази ни сведоци дека Груевски и Божиновски незаконски ја граделе Белата палата

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството не понуди докази, а нема ни сведок, ни документи дека обвинетите Никола Груевски и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски имале намера и долгорочен план да сторат злоупотреби на службената положба при изградбата на новото партиско седиште во центарот на Скопје, реагира денеска одбраната на обвинетите во завршните зборови на судскиот предмет „Талир 2“.

– Обвинението нема логика. Што има трговско во настојувањето да се обезбеди нов објект за партијата. Не ја разбирам тезата на Обвинителството и не разбирам што згрешил првообвинетиот и како очекува судот да ги прифати личните убедувања на обвинителот дека е сторена злоупотреба на службената положба ако една политичка партија прифатила да се се најде инвеститор да изгради нов објект, ако постојните простории на партијата не биле соодветни и ако тоа е поткрепено со интерна процедура во отсуство на законска регулатива, реагира одбраната.

Спротивно на ова тврдење на одбарната, обвинителот Љубомир Лапе, претходно побара судот да ги огласи за виновни Груевски и Божиновски поради злоупотреба на службената положба и овластување и му предложи на судечкиот совет да ѝ се конфискува имот на партијата како трето лице, бидејќи во нејзино име е остварена имотната корист. Обвинителството бара одземање на Белата палата и дваесетина објекти во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ низ државата.

Адвокатот Дончо Наков рече дека судот не смее да дозволи поради евентуална вина на обвинетите, да ѝ одземе имот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што воопшто не била сослушана таа страна како заинтересирана во овој предмет.

Полномошникот на ВМРО-ДПМНЕ Ружица Николовска објасни дека партијата во овој предмет е заинтересирана страна, а не странка и потсети дека според членот 395 од Законот за кривична постапка право на завршен збор имаат странките. Според Николовска претставник на партијата требало да биде сослушан на главната расправа, пред рочиштето со завршните зборови на одбраната.

Обвинетите, според Обвинителството, спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.

Според бранителите на осомничените еден од клучните аргументи против овој предмет е тоа што тој е покренат на незаконски начин и е поднесен по истекот на рокот во кој Специјалното јавно обвинителство (СЈО) имаше право да поднесува обвинителни акти или да покренува предистражни постапки.

Според законот за Специјалното јавно обинителство, обвинителите имаат рок од 18 месеци за покренување постапки.

Според одбраната, двајцата обвинети Груевски и Божиновски не одлучувале сами, таквата одлука била поддржана од партиските органи, а одлуките биле јавно објавени.

– Што згрешиле обвинетите, дали треба да бидат обвинети затоа што на обвинителот објектот му изгледа луксусен, праша бранителот тврдејќи дека наместо докази обвинителот понудил само сомнежи.

Обвинителот не понуди ниту еден доказ за обвинетиот Груевски, рече неговиот бранител и побара одлуката на судечкиот совет  да биде ослободителна.

Овој судски процес го води судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Во „Талир 2″ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба затоа што овозможиле правното лице ДГ „Бетон” АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и на Законот за облигациони односи.

С.М.

 

 

 

 

обвинителство пресуда Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.