Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговор на семејството Рашковски на наводите од Антикорупциска Комисија дека има отворено предмет за незаконско постапување

0
By Mirjana on December 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера најави дека ќе поведе иницијатива за утврдување одговорност за Драги Рашковски до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, за незаконито постапување со цел примање награда – возило, семејството Рашковски денеска до ова тело и до медиумите испрати допис дека за ова дознале од медиумите и дека ДКСК изнесла еклатантни невистини. Во дописот во кој како дел се наоѓа и фото-галерија на наводно споменуваното од страна на ДКСК возило, меѓу другото се вели:

– Како орган чија основна задача треба да е откривање на незаконски дејствија со цел да се спречи корипцијата, вие си земавте за право да изнесувате еклатантни невистини и притоа да обвинувате за наводно сторено кривично дело, при тоа самите вршејки кривично дело согласно член 366 од Кривичниот законик. Доколку сте ги собрале документите за кои тврдите дека ги имате, тогаш многу добро знаете дека никој од никаква фирма нема добиено автомобил на поклон.

Секој човек има име и презиме, секој настан има време и место.

Затоа, бараме од Вас, јавно да ги објавите сите документи до кои сте дошле со кои се потврдува евентуалното незаконско дејствие.

Бидејки никој не беше повикан на јавната седница, бараме јавно да одговорите и да доставите докази

  1. Која е компанијата од која е добиен на поклон автомобил и јавно да го доставите договорот за поклон? Таков договор не постои.
  2. Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?
  3. Јавно да ги објавите СИТЕ документи кои ги имате прибрано од Владата на Република Северна Македонија и од надлежните министерства.
  4. Јавно да ја објавите одлуката врз која наводно е влијаено да биде донесена, начинот на кој е влијаено да биде донесена како и евентуално превземените незаконски дејствија. Такво нешто исто така не постои.
  5. Иако не е на мое интелектуално ниво, а не треба да е ниту ниво на една институција која ја претставувате, бидејки јавно беше упатена понуда за купопродажба на автомобилот, сопственикот на автомобилот, кој е мој другар преку полномошник Ви соопштува дека прифаќа предметниот автомобил да Ви го продаде за цена од 5.000 евра. Во прилог се фотографиите од истиот.

Ваквите паушални обвинувања фрлаат сомнеж дека намерата е да се наштети на нечија личност, а не на остварување на надлежностите на Вашата институција. Само преку објавување на документите и другите факти може да ги покажете вашите чесни намери. Се друго е замајување на јавноста, се наведува во дописот до Антикорупциска и до медиумите.

Инаку, ДКСК има сомневање за сторено кривично дело од Рашковски по член 359, став 1 и 2 од Кривичниот законик, односно примање награда за противзаконито влијание.

Според Горан Трпеноски, член на ДКСК, кој вчера го образложи овој случај, екс генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски и покрај укажувањата од Министерството за транспорт и врски, очигледно тенденциозно, доставувал информација до Владата за градење од гостиварска фирма објекти што се сопственост на државата, која за десеткратно помала цена продала возило на Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.

ДКСК ОДГОВОР СЕМЕЈСТВО РАШКОВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.