Славјанка Петровска: Се додека велиме системот е виновен, ситемот убива, да го промениме системот, се дотогаш ќе имаме нови “Кочани”, нови “Фросина на Партизанска”, нови “ Мајка и ќерка убиенти” нови “Росица од Велес” нови “Жртвите од Куманово”.
Надлежните имаат име и презиме, а тоа име и презиме има одговорност. За моралната не сакам да зборувам, но за кривичната има институции во кои има име и презиме кој е задолжен за што.
Одговорноста има име и презиме.
Вчерашниот настан не е самоубиство, тоа е убиство. А убијци се со име и презиме инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи кои требале да го прашаат шефот, чекале да се јави некој дали жената е наша, чија е, кои наместо одговори и заштита давале изговори.
Вашите изговори и кревање раменици го убија малото девојче. Убија многумина млади деца, мајки, жени.
До кога?
Извор: Фејсбук



