НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговорноста за уништувањето на Охрид не е на една, туку на сите досегашни власти

0
By Соња Трајковска on May 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

УНЕСКО вчера објави дека ќе препорача Охрид да се најде на Листата на загрозено светско наследство, откако повеќегодините укажувања, препораки и предупредувања до властите во земјата дека овој регион континуирано се загрозува од урбанизација и негрижа, не дале резултати.

Иако ваквото предупредување не е нешто ново, сепак резолутноста со која Организацијата на ОН за образование, наука и култура овојпат настапува во нацрт заклучоците на Извештајот што ќе се усвојува на годишниот самит во јуни и јули во Баку, Азербејџан, одекна вознемирувачки во јавноста.

На ова следуваа верижни реакции од двете спротивставени страни- власта и опозицијата, меѓусебно префрлајќи си ја вината.

Од Владата преку соопштение укажуваат дека „од почетокот на својот мандат, Владата активно се посвети на решавање на проблемите во регионот, во соработка со општините и граѓанскиот сектор“ и дека „долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг мисија во април 2017 година“.

Одлуката на УНЕСКО, која како што напоменуваат не е финална, “треба да биде стимул за сите институции и за граѓаните да се работи со поголем интензитет за да го зачуваме нашето уникатно светско наследство“ и сметаат дека „е остварено поместување во исполнување на препораките, и дека крајната одлука треба тоа јасно да го рефлектира“.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ  побараа веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО „поради тоа што власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, тие се ставаат на располагање со сите свои капацитети да се вклучат и да го спасат Охрид“.

Но, сагата за Охрид не е од сега и трае многу подолго, а одговорноста не може да и се припише само на една или друга владејачка структура.

Парапетчето на Груевски, Плаошник и Субрата Рој

Охрид на листата на УНЕСКО како светско природно богатство е запишан во 1979 година, а една година подоцна, светот го признава и неговото непроценливо културно богатство. И оттогаш, секоја промена будно се следи од меѓународната организација. Нивните реакции дека за регионот што е под меѓународна заштита, властите не ги почитуваат препораките, се слушнаа уште на самитот „Дијалог меѓу цивилизациите“ што се одржа во 2003 година во Охрид, под покровителство на тогашниот претседател Борис Трајковски. Претставници на оваа Организација и следните години присуствуваа на овој самит.

Еден од посвежите примери, кои и ден денес се споменуваат во јавноста како еклатантен пример за потценување на вредноста на градот е „парапетче на Груевски“.

Две години од првите чекори на преродбата, пролетта во 2008 година, Груевски на својот тим на седница на тогашната влада му предлагаше да изградат „парапетче од барем дваесетина сантиметри“ околу Охридско Езеро. Според  замислата на тогашниот премиер, Охрид ќе станеше море, а парапетчето ќе беше брана за песокот што требаше да се распостеле по охридските плажи, кој најверојатно ќе се увезеше. Оваа „уникатна“ идеја на Груевски ја откри Владимир Лазаревик, поранешен близок соработник на Груевски.

Оваа идеја не се оствари, но градежната навала на тогашната власт продолжи со силно темпо.

Фото Охрид СОС

Ситуацијата сепак кулминираше во 2013 кога за првпат оваа организација ја отвори можноста богатството на Охрид да се стави на листата на загрозени, поради изградбата на објектите на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и големиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој кај „Свети Наум“.

-Загрижени сме за она што се случува во Охрид што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културното наследство на светот. Реагираме кога има големи проекти кои може да влијаат да се намали вредноста на местата, изјави тогаш Петја Точарова, шефица на Одделението за Светското наследство во Европа и во Северна Америка во УНЕСКО за „Утрински весник“. Таа тогаш ја најави инспекцијата на комисијата експерти на УНЕСКО.

Една година подоцна, тогашната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска соопшти дека Охрид нема да го изгуби статусот во УНЕСКО, и дека врз основа не препораките на експертите од оваа организација направиле измени на проектот, па наместо 12, ќе се градат 6 објекти на Плаошник.

СДСМ како опозиција бараше одговорност од ВМРО ДМПНЕ-ВМРО ДПМНЕ сега бара од СДСМ

Но, две години подоцна во август, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на седницата одржана во Истанбул усвои одлука со која повторно изразува сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид, токму како резултат на големиот број инфраструктурни проекти. Комисијата бара од тогашната Влада да ги покани World Heritage Centre/ICOMOS/IUCN на заедничка мисија на Реактивен мониторинг на имотот во 2016 година и повторно ја покренува можноста Охрид да биде вклучен на Листата на светското наследство во опасност, во 2017 година.

СДСМ како тогашна опозиција ја обвини власта на ВМРО ДПМНЕ дека бега од расправа и најави формирање надзорна комисија во Собранието бидејќи како што тогаш рече пратеникот Томислав Тунтев „за првпат во официјален документ на светската организација е ставена забелешка со која охридскиот регион се соочува со опасност да биде впишан во листата на загрозени подрачја“.

-Недозволиво е неодговорната и криминална власт и понатаму да си игра со нашето природно и културно наследство. Надлежните институции веднаш треба да ги стопираат и преиспитаат сите градежни проекти во националниот парк Галичица, кои ќе ги доведат во опасност природните реткости, рече тогаш Тунтев.

УНЕСКО или урбанизација на Охрид

Во април 2017 година, тројца експерти на УНЕСКО беа во обиколка на регионот, а целта како што изјави Ања Сидоренко е да се види на самото место дали и како се спроведуваат препораките.

Во јуни 2017, Комитетот за светско наследство во полскиот град Краков им даде рок на македонските власти до февруари следната година (2018) да поднесе извештај за напредокот во имплементација на препораките од реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство, IUCN и ICOMOS.

Во забелешките е нотирано и дека треба строго да се внимава на кумулативните влијанија од било какви инфраструктурни проекти (крајбрежни и урбани) врз регионот, а истата да биде поднесена до Центарот за светско наследство пред да се преземат било какви одлуки кои би биле непоправливи.

Најновите нацрт заклучоци на УНЕСКО се само уште едно камче во мозаикот што ја илустрира континуираната негрижа на сите досегашни власти за градот со најстарото езеро во Европа, милениумска историја, ризница на културно наследство и извонредни природни богатства и убавини, кој по 40 години се соочува со сериозна опасност да биде тргнат од листата на светско наследство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.