Поради отворено боледување од вчера судијата Осман Шабани денеска не се појави на работа и од тие причини беше одложено судското рочиште за случајот „Монструм“.
„Се служите со истите финти како и претходниот судија“, реагираа бурно семејствата на убиените.
На денешното судско рочиште требаше да сведочи заштитениот сведок Е1, чие сослушување беше одложено минатата недела поради недостиг на технички услови за покривање на лицето и модификација на гласот на сведокот.
Следните две рочишта се закажани за 22 и 24 август.
Кај Смилковското езеро во април 2012 година беа убиени пет луѓе, а за тоа на доживотен затвор беа осудени шестмина.
По враќањето на предметот на повторно судење, тие се бранат од слобода.