Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложена пресудата за предметот „Тортура“

0
By Biljana on June 17, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 17, 2021 16:25

Јавниот обвинител е носител на тужбата тој е доминус литис и тој треба да докаже со кое дејствие секој од обвинетите го сторил кривичното дело што му се става на товар, изјави адвокат Љупчо Шврговски, по одлуката на Кривичниот суд Скопје, да се одложи најавената пресуда за случајот „Тортура“.

Според него одлуката на судот е законита и се заснова во член 397 од Законот за кривична . 

– Судот во своето образложение децидно наведе дека потребно е во обвинителниот акт, односно во самиот диспозитив секој од обвинетите на јасен и недвосмислен начин да биде посочен како непосреден извршител на конкретно дејствие за настанот којшто им се става на товар. Од она што можевме да го слушнеме од страна на Судот, Судот смета дека диспозитивот на обвинителниот акт онака како што е поставен не дава во овој момент реален момент за донесување на правилна и законита одлука бидејќи дејствијата на извршување на секој од обвинетите поименично не се определени на начин на којшто бара Кривичниот законик, рече Шврговски.

Воедно, тој додаде дека со оглед на алтернативните дејствија на извршувања коишто се посочени кај ова кривично дело јавниот обвинител бил должен на јасен и недвосмислен начин да прецизира кои од обвинетите кое дејствие го извршил при апсењето на Љубе Бошковски.   

Застапникот на обвинението јавниот обвинител Љубомир Лапе, по завршување на денешното рочиште истакна дека Судот не го задолжи ниту него, ниту одбраната со некои дејствија или нови докази кои треба да ги предложат и очекува дека веројатно во писменото решение ќе одлучи Судот што е потребно да се преземе.

– Јас очекувам искрено осудителна пресуда и малку сум затечен од оваа одлука.  Ви велам, треба да го прочитам решението, да видам што е тоа што останало нејасно за да би можел да ви одговорам на вашето прашање. За мене е јасно. Штом сум останал при тоа обвинение со таков диспозитив и таков опис за мене е сосема јасно. Меѓутоа, судската одлука претпоставувам ќе биде образложена па ќе можам дополнително да се произнесам, изјави обвинтелот Лапе.

Судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” денеска не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите.

Од оваа причина рочиштето го закажа за 8 јули, кога обвинителството ќе треба да достави дополнителни докази.

Случајот за овој предмет го водеше судијката Александра Ристовска, а обвинението го застапуваше јавниот обвинител Љубомир Лапе. Случај „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Во тек судската постапка овој предмет еднаш беше вратен од почеток, од причина што рочиште не се одржа повеќе од 90 дена и поради смена на поротник. Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата „Алфи”.

 

Сашо Мијалков Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.