Првото рочиште против Миле Јовановски, таткото на Боки 13 кој е тужен од неговиот сосед свештеникот Виктор Стојчев за физички напад е одложено поради отсуството на скопската обвинителка Имран Османи.
Судењето ќе почне на 12 ноември. Судијката Александра Ристеска рече дека не добила известување за отсуството на обвинителката која била уредно повикана.
Надвор од судницата, Јовановски на новинарско прашање дали навистина го истепал соседот, одговори:
Сведок во оваа постапка е и Бојан Јовановски, но денеска не бил повикан од судот заради економичност во постапката. Очевидец на нападот, според Стојчев, е и неговата сопруга. И таа ќе сведочи кога ќе почне овој судски процес.
Свештеникот Стојчев и Јовановски се соседи. Нападот се случил на Божиќ, пред две години, додека тој се обидувал да влезе дома.