Судењето за случајот „Триста“ во којшто е обвинет поранешниот помошник министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски е одложено за на 1 декември.
По две одложени рочишта поради негово отсуство, Поповски се појави во Судот, но како што рече неговиот адвокат поради притисокот од СЈО и јавноста и сомнежите за неговото здравје.
До 1 декември неврологот кој му ја дал дијагнозата и независно вешто лице психијатар треба да дадат исказ дали Поповски е способен да ја следи главната расправа поради неговата нарушена здравствена состојба и депресија.
Тој се сомничи за злоупотреба на службената положба за набавка на 300 полициски возила, со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.