Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложено судењето за уништувањето на документацијата од „Тврдина“

0
By Нова ТВ on November 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одложено е судењето за случајот Тврдина 2 на СЈО во кое обвинети се седуммина вработени во УБК.

Причина за одложувањето на рочиштето е тоа што според адвокатите на одбраната и според судијката Лидија Петрова е што СЈО немало дозвола од УБК да ги употребува класифицираните докази во судска постапка.

Следното рочиште е закажано за 17 јануари идната година.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека со ова се доведуваат во прашање и отанатите постапки на Судот во кои класифицираните докази не биле декласиицирани.

Првообвинетиот Горан Грујовски не сакаше да даде изјава за медиумите.

Седумтемина во овој случај се товарат за  фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзната со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, според СЈО, лани биле уништени во нестаандардна постапка. Се товарат и за незаконско уништување на документација која, како што информираа во СЈО, била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој Управата за безбедност и контраразузнавање вршела прислушување.

Во случајот Тврдина, СЈО тврди дека началниците сокриле дека ќе се уништуваат два система за прислушување

Од Обвинителството тврдат дека првоосомничениот началник Горан Грујевски, издал усна наредба до други раководители со цел да прикаже дека постои „наводна потреба“ за ништење и бришење од евиденцијата опрема поради техничка застареност. Целта според нив била да прикрие други лица дека неовластено прислушувале

Тој до второосомничениот доставил предлог да се формира Комисија за попис, ништење и бришење од евидениција и од листата на опремата. Истовремено, според СЈО, тој незаконски предложил членови за Комисија за попис на опремата.

 

По наредба вториот началник доставил Предлог за формирање на Комисија за попис до секторот за правни работи. Иако секторот укажал на недоследности, сепак вториот началник не дал појаснување, со цел да скрие дека ќе се уништуваат и два система за следење на комуникациите. Иако не добиле појаснување, од Секторот го изготвиле решението по напатствијата дадени од министерката Јанкулоска.

„Кон крајот на март минатата година, министерот за внатрешни без да ги земе предвид законите за постапување со класифицирани информации, без барање на сите организации во УБК, формирала Комисија за попис, расходување, ништење и бришење од евиденцијата и од листата на задолжување на системи и техничка опрема во Управата за безбедност и контраразузнавање. Јанкулоска не зела в предвид ниту дали избраните членовите на Комисијата се поставени согласно закон “, посочи обвинителката Ристовска, на прес конференцијата на која беше презентиран случајот Тврдина.

Веднаш потоа формираната Комисија ја попишала опремата. Се работи за системи од кои едниот бил исклучен уште во 2008, додека останатиот се уште работел. Лицата задолжени за ракување со системот за следење на комуникации го исклучиле системот за следење на комуникации кој тогаш бил во употреба.

 

Грујовски одложено СЈО Тврдина2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.