Published: Friday, November 28, 2014 15:22
Според новите правила, за работа на учениците и студентите преку словенските студентски сервиси, ќе им се издвојуваат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, а утврдена е и минималната вредност на саатница, од 4и пол евра бруто, односно 3.8 евра нето износ.
Премиерот Миро Церар изјави дека потпишаниот договор помеѓу претставници на властите и студентските организации е голем чекор напред во регулирањето на привремената работа на студентите и доказ дека може да се склопуваат меѓугенерациски договори.
Словенечката влада во четвртокот ја продолжила важноста на мерките за стимулирање на работодавците што редовно вработуваат млади луѓе, врз основа на кои минатата година 2.500 млади добиле работа.




