Европскиот парламент (ЕП) денес и го одзеде парламентарниот имунитет на француската пратеничка Марин Ле Пен, претседателка на екстремно десниот Национален фронт и кандидатка за претседател на Франција на избори чиј што прв круг се одржува на 23 април.
Имунитетот е одезеден на барање на француското обвинителство кое ја тужи г-ѓа Ле Пен за објавување слики од егзекуции на терористичката организација Исламска држава на Твитер профилот. Обвинителството од Нантер ја тужи Ле Пен за “објавување на насилни слики”. Во овие слики се наоѓаат повеќе фотографии на обезглавување а помеѓу нив и таа обезглавување на новинарот Џејмс Фоли.
Ова прашање се однесува на овој случај, а не на случајот со фиктивните вработување. Ле Пен е пратеничка во ЕП и има вработено како парламентарни асистенти двајца блиски соработници за кои истрагата на ЕП утврди дека не работеле во ЕП туку во партијата а за тоа време биле платени од европскиот буџет.