Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одземен пасошот на Ременски и забрана за напуштање на живеалиштето

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 10, 2019 15:49

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд. Овие мерки на претпазливост се одредени и за таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот.

Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

По денешниот исказ кај судија на претходна постапка, Ременски изјави дека не се чувствува виновна. Очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.

-И кога давав исказ како лице од кое може да се добијат потребни информации во Обвинителството за организиран криминал реков дека не се чувствувам виновна, рече Ременски.

Таа рече дека нема да се повлече од функциите кои ги извршува.

Според Обвинителството Ременски го искористила својот авторитет за да изврши влијание.

Синоќа куќен притвор и е одреден на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ.

Против овие решенија, странките можат да поднесат жалба пред Кривичниот совет.

Од вчера истрагата за „Рекет“ се прошири на уште четири лица, за перење пари, измама и помагање во измама. Меѓу новоосомничените е и потпретседателката на Собранието Фросина Ременски, почесен претседател на Меѓународниот сојуз, потпретседателката на овој Сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски,  Христина Блажевска и Бојан Јовановски кој е осомничен за нови кривични дела.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе Обвинение за случајот „Рекет“ против првите тројца осомничени- Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.