Одзивот на гласачите до 11:00 часот, врз основа на податоците од Државната изборна комисија за 3.134 избирачки места од 3.480, е 11 отсто. До 11:00 часот на гласање излегле 199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Во ИЕ 1, одзивот бил 13,7 отсто, во втората изборна единица – 9,64 отсто, во ИЕ 3 – 13,08 отсто, во ИЕ 4 – 13,46 отсто, во ИЕ 5 – 10,55 и во ИЕ 6 – 6,04 отсто.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.613 гласачи.