Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Официјализирана пратеничката група на „Влен“ со девет пратеници, десеттиот се очекува да им се приклучи по оставката на Салим Сулејмани

0
By Marija Todorovska on May 20, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 20, 2025 13:48

„Влен“ днеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција.

Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група Влен која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денес пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка  група во Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу, рече Ќоку.

Потенцира дека го информирале и претседателот на Собранието за членовите на оваа група и побарале нова реконфигурирање на пратеничката група да се одрази и во соодветните работни тела на Собранието. Очекува оваа обврска да се исполни наредните денови.

Ја користам оваа можност да им се обратам на тие 107 илјади гласачи кои го дадоа својот глас за Коалицијата Влен дека ние пратениците овде присутни продолжуваме да остануваме лојални на договорот што го склучивме со нив  на 8 мај 2024 година и дека сме доследни и непоколебливи кон програмските определби и изборните ветувања  со кои не овластија да бидеме нивни претставници и претставници на народот, рече Ќоку.

Упати апел до другите пратеници Албанци, особено на колегите кои го добија мандатот под Коалицијата Влен, да се приклучат на оваа група во, како што рече, овие клучни времиња за земјата за да го спроведат до крај мандатот на оние граѓани кои им ја дадода својата доверба под слоганот „Промените вредат“.

 Нивниот глас овде не вреди повеќе отколку овде заедно со нас. Никаде на друго место, туку овде заедно за нас. Пратеникот како претставник е институција е сам по себе и затоа има автономија за донесување на одлуки. Влен продолжува уште посилно и пообединето, убеден албанскиот граѓанин мрази поделби и сака единство. Локалните избори наесен ќе бидат доказ дека бевме и сме во право и дека она што го направивме навистина вредеше, рече Ќоку.

Тој нагласи дека десеттиот пратеник кој се очекува да се официјализира и да припаѓа на нивната пратеничка група по оставката на пратеникот Салим Сулејмани.

Информира дека водат разговори со сите пратеници, а особено со тие кои беа во пратеничката група Влен, односно пратениците од Алијансата на Албанците крилото на Арбен Таравари. Потенцира дека со нив имаат колегијален и пријателски однос. Како што рече, ниту тие самите не знаат што се случува со самата партија.

Ќоку нагласи дека не очекува оваа смена и организација на работните тела да влијае врз Бадентерот, оти, како што рече, пратеници од немнозинството има кај сите парламентарни партии.

ВЛЕН пратеничка група салим сулејмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.