Златан Ибрахимовиќ преку оглас во весник го објави својот трансфер во Л.А. Галакси.
Швеѓанецот закупил реклама на цела страница во „Лос Анџелес Тајмс“, на која стои кратко соопштение: „Почитуван Лос Анџелес, нема на што“. Популарниот Ибра се потпишал на дното на страницата, а под неговото име пишува бр. 9, Л.А. Галакси.
Во истото издание на весникот, на спортската страница, е објавена фотографија на 36-годишниот напаѓач со дресот на неговиот нов тим.
Вчера Ибрахимовиќ официјално го прекина договорот со Манчестер Јунајтед, а подоцна објави фотошоп фотографија на која е прикажан како Исус во борба со ѓаволот.