Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Огласите во странски весници не донесоа ниту еден лекар во државата

0
By Менче Атанасова Точи on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 28 лекари специјалисти од Србија и девет од Грција се пријавиле на огласот за работа што пред две години го распиша македонското Министерството за здравство. Но, ниту еден од нив досега не е ангажиран да работи во македонските болници. Од Министерството за здравство не објаснуваат зошто е распишан огласот во Србија и во други земји, кога ниту еден лекар не е примен да работи во Македонија. Зошто не се примени пријавените кандидати и  која е суштината на огласот за кој своевремено пишуваа и српските медиуми. Од ресорното министерство з а НОВА потврдија дека  направиле база на избраните кандидати и кога ќе се појавела потреба од нивната специјалност, ќе биделе ангажирани.

„Со сите кандидати беше направено интервју со лекари по соодветните специјалности и Министерството за здравство има база на избрани кандидати од сите кои аплицирале, но истите ќе бидат ангажирани кога ќе се појави потреба во областа на нивна експертиза“, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

dokument-todorov

Во огласот објавен во Србија, до кој дојде НОВА, Македонското министерство на српските лекари им нуди екстра услови за работа и солидни примања, како што немаат македонските лекари кога би се пријавиле да работат во друг град. Во огласот стои дека лекарите кои ќе се пријават ќе имаат обезбедено сместување, соодветен надоместок за нивниот ангажман и надоместок за патни трошоци.

Министерот Тодоров бара специјалистите да имаат најмалку 10 години работно искуство  и тоа да се од областа на офталмологијата, анестезија и реанимација, гинекологија, неонатологија, васкуларна хирургија, ендокринолошка хирургија, гинеколошко-онколошка хирургија, ортопедија и урологија.

Но Тодоров не барал само лекари специјалисти во Србија. Македонското министерство таму распишало оглас и за професори од Медицинскиот факултет или доктори на медицински науки за учество во комисиите за стручен надзор на терцијално ниво. Српските професори требало да ги оценуваат како работат македонските доктори од клиничкиот центар, да вршат контрола на нивната стручна работа, да ги спроведат упатствата, како и  да направат проценка на условите и начинот на давање на здравствена услуга. Во истиот оглас е се повикуваат и професори од Бугарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Англија, Франција, Русија и САД, како македонски доктори кои непрекинато повеќе од пет години работат или работеле во земјите членки на ОЕЦД.

За нив Министерството за здравство во огласот ветува обезбедено сместување, превоз и паричен надоместок од 700 евра.

dokument-za-mence-1

Во огласот стои дека секој од професорите во текот на тридневниот стручен надзор има обврска да присуствува на пет прегледи, пет интервентни процедури, пет хуруршки интервенции и да одржи предавање на Медицинскиот  факулет од својата специјалност.

dokument-za-mence-2

На ваквиот оглас на министерот Тодоров се пријавил само еден кандидат и две години откако е објавен се уште се разгледува можноста за негово ангажирање.

„Што се однесува до огласот за ангажирање  професори од Медицински факултети и доктори од медицински науки кои се специјалисти или супспецијалисти за учество во комисиите за стручен назор во ЈЗУ на терциерно ниво кој е објавен во месец септември,  2014г на истиот е пријавен еден кандидат и се разгледува можноста за негово евентуално ангажирање, а во согласност со потребите од соодветната стручна област“, се вели во одговорот од Министерството з а здравство.

Одлуката на Тодоров да бара лекари од соседните држави не донесе решение на проблемот со недостиг на специјалисти. Болниците во државата се празни, недостасуваат специјалисти од различни области, а не се гледа крај ниту на специјализациите кои почнаа масовно да се доделуваат без стратегија и мапирање во која болница каков лекар специјалист недостасува.

 

 

 

 

 

Министерство оглас Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.