Published: Friday, February 25, 2022 20:48
Поранешната германската канцеларка, Ангела Меркел беше жртва на крадец за време на купување на намирници во продавница во Берлин. Таа остана без својот паричник, иако беше во придружба на нејзиниот личен телохранител.
Паричникот на Меркел бил во торба која била закажена на количка за пазарење, наведува „Билд“, пренесува „Политико“.
Берлинската полиција го потврди инцидентот што се случил во четвртокот (24 февруари) околу 11:40 часот. Како што се наведува во извештајот, Меркел не повикала полиција од продавницата, туку отишла до најблиската полициска станица и го пријавила случајот.




