Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид: Заврши Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ 2025

0
By Zoran Ivanov on August 24, 2025 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 24, 2025 17:02

Со врачувањето на сертификатите за учество, денеска, во родното село на великанот на поетското создавање кај нас, особено во детската литература, заврши седмиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.

Учесниците, млади поети од Турција, Грција, Србија, Албанија и Македонија, имаа прилика да ја посетат родната куќа на Николески, како и Спомен собата, при што, и во оваа прилика, беа оставени нови примероци во Збирката документи поврзани со овој автор на проза и поезија.

Едно од неговите култни дела е романот Волшебното самарче, по кој е снимен и игран филм.

Покрај во селото Црвена Вода, во изминатите три дена, реализирани се бројни содржини во Охрид, Струга, Лерин,Грција и Пустец, Албанија.

Во Глобочани, кај Пустец, настапија поред монументот на албанскиот литерарен автор од македонско потекло, Спасе Стерјо, а го разгледаа и Спомен музејот поосветен на овој познат авгтор.

Манифестацијата, секоја година, се отвора во Централното основно училиште “Ванчо Николески”во Лескоец, крај Охрид, единствената институција која го носи името на бардот на македонската литература за деца и млади, во Македонија.

Професорите и учениците, приредуваат културно уметничка програма за своите драги гости, по што, заедно, секоја година, во Алејата на заслужните на Градските гробишта во Охрид, учесниците, положуваат цвеќе на вечното живеалиште на Ванчо Николески.

Секоја година, тие имаат средба со шефот на државата, годинава претседателката Гордана Сиљаноска Давкова, која им испрати и специјално Послание.

Во име на финансискиот покровител и поддрржувач на манифестацијата, учесниците ги прими и ги поздрави претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски.

Младите литерати, за цело време, другаруваа и твореа под креативната грижа и поука од страна на нашиот познат автор и педагог, проф. д-р Христо Петровски.

Во рамките на воспоставената традиционална соработка, учесниците, беа во можност да ги следат манифестациите на Струшките вечери на поезијата.

Годинава, гости на манифестацијата беа и група нашинци кои живеат во Австралија, а кои, исто така, го слават името и делото на Ванчо Николески, за што, пошироки информации добија од страна на познатиот македонски активист, Наум Трајчески, поет и претседател на Литературното друштво “Ванчо Николески” од Квинбеј.

Организатор е Здружението за култура и лкитература „Мацково“, а во име на Покровителот – Светската академија напоезијата од Верона, Италија, специјално Послание им испрати поетот Мајо Даниловиќ, координатор на „Академијата за целиот словенски свет“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.