Џудистката Нора Џакова го обезбеди вториот златен медал за Косово на Олимписките игри во Токио. Таа беше најдобра во денешните борби во категоријата до 57 килограми, откако во финалето ја совлада Французинката Сара Леони.
Претходно, злато за Косово обезбеди и Дристија Красниќи.
Со два златни медала, Косово во моментов е на седмото место во пласманот според освоени најсјајни одличја на Игрите во Јапонија.