Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Битола: Семејство излегло од изолација и се тепале со соседите

0
By Нова ТВ on March 19, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: tera.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејство од Битола, кое на 14 март се вратилo од Италија, доби предлог за казнен налог за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија. Пет члена од семејството, според ОЈО Битола, сториле кривично дело и не го почитувале решението за домашна изолација од 14 дена. Тие вчера излегле пред нивниот дом и вербално и физички ги нападнале соседите.

„На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Италија. Тие биле должни, согласно издадените решенија од надлежните органи, во периодот од 14 март до 27 март да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола. На 18 март, околу 12 часот, сепак, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус – Ковид-19“, се наведува во соопштението на ОЈО Битола.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола го поднесе предлогот за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина по 20 евра во денарска противвредност.​

Изолација Инцидент Казнен налог Коронавирус ОЈО Битола семејство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.