Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против едно лице, за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
-При рутинска контрола на возило марка БМВ на 15.09. 2018 година во 15.00 часот, на бул. Александар Македонски во Скопје, пронајдено е оружје и тоа пиштол, 43 куршуми од 9мм и 15 куршуми од 7,6 мм. Возилото го управувал осомничениот, педесет и тригодишен жител на Скопје. По барање на јавен обвинител и одобрување од надлежниот суд, извршен е претрес на домот на осомничениот каде се пронајдени парчиња опрема, маскирни униформи со лого на организацијата „Христијанско братство“ , фантомки, ножеви, комплет униформа со маскирна шара, футрола за рамки за пушка, нож- Бодеж, двоглед и друга опрема, се вели во соопштението од ОЈО.
На осомничениот му е определен притвор од 30 дена.