Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО истражува: Кој го натера Коста Крпач да се самоубие

0
By Нова ТВ on September 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предистражната постапка за смртта на Коста Крпач е отежната, бидејќи Специјалното обвинителство не доставува информации за тоа кој му се заканувал и за какви закани станува збор, обвинуваат од Основното јавно обвинителство (ОЈО).

krpac_0

Од ОЈО велат дека од документираните доказни материјали, вештачења и од сведочењата на лица констатирано е дека неспорно станува збор за самоубиство. Она што се истражува во моментов е дали има основа за сторено кривично дело „наведување на убиство“.

Во текот на досегашната истрага, неуспешно било вештачењето на мобилниот телефон на Крпач, бидејќи не можеле да го пробијат пасвордот.

Клучно за нив е  пресвртот во однесувањето на Крпач кое настанало по извршениот претрес на СЈО кај него дома на 6 . април годинава. Дента после претресот, Крпач се појавил како сведок во СЈО.

Според Државното обвинителство, пресвртот бил претресот, а за аболицијата која предизвика и серија граѓански протести немаат информации како влијаела врз Крпач, иако тој се најде на листата на помилувани од претседателот Иванов.

Обвинителството тврди дека СЈО досега дало одредени податоци, од кои дел биле проверливи, а дел непроверливи. Не прецизираа за какви точно информации станува збор, но инсистираат СЈО да ги достави и бараните податоци од Записникот.

Коста Крпач беше пронајден мртов во неговиот стан на 27. април, по пријава на сосед. Од Обвинителството велат дека пријавувачот се нашол сосема случајно во близина и ги слушнал рафалните истрели од кои неколку завршиле во комбе на паркингот пред зградата каде што живее Крпач.

Досегашната истрага покажала дека Крпач пукал со сопствен револвер и за тоа поседувал дозвола. Нејасно е зошто пукал во комбето, а потоа си го одзел и животот.

Револверот бил во негова сопственост и за него поседувал дозвола.  Обвинителството не одговори колку куршуми се пронајдени во телото на Крпач

Во досегашната истрага Обвинителството испитало 19 лица, од кои 10 се овластени службеници во МВР, а 9 лица поврзани со Крпач, вклучително и бизнис партнери, чии имиња одбија да ги обелоденат.

Сведочела и сопругата на Крпач која кажала за настанатите промени во неговото расположение, но не дала исказ дали и какви закани тој трпел.

Сведочел и сопственикот на комбето кое за време на инцидентот било паркирано спроти зградата и било заклучено дека нема никаква поврзаност со самоубиството.

Од обвинителството не одговорија дали имаат информации дека Крпач бил следен, а во оваа фаза од истрагата не сакаа да откријат и како точно се самоубил.

Од ОЈО апелираат „да надвладее разумот“ и СЈО да сподели информации со нив за тоа кој му се заканувал на Крпач.

Брифингот во Основното јавно обвинителство доаѓа ден после објавената истрага на СЈО за случајот „Трезор“, поврзана со фирмата Финзи ДООЕЛ Скопје, во која управител беше Коста Крпач.

Во „Трезор“ осомничени се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујовски, шефот на кабинетот на Мијалков,Тони Јакимовски и бившиот помошник министер во МВР и член на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ, но ОЈО не соопштува дали тие сведочеле и за убиството на Крпач.

Од Обвинителството велат дека брифингот доаѓа поради заинтересираноста на новинарите за случајот и не го коментираа „Трезорот“ кој го обелодени СЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.