Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО ќе преземе истражни дејствија по допрен глас за клиниката на Жан Митрев

0
By НОВА ТВ Balaban on July 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2022 14:23

По објавата на документарната емисија „Нечиста крв„  од Јавното обвинителство за НоваТВ потврдуваат дека веќе оформиле предмет по допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Јавен обвинител ќе ги проверува наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето.

– Веднаш по објавата на наведената документарна емисија, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет врз основа на инструментот на допрен глас, предвиден во Законот за кривична постапка. Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето, ни одговорија од ОЈО.

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) синоќа објави епизода во која се зборува за користењето на методот на хемофилтрација во Клиниката Жан Митрев за време на ковид-19 пандемијата. За истата да се применува во рамки на клиничко испитување, оваа приватна болница не побарала дозвола од МАЛМЕД (Агенција за лекови и помошни лековити средства), на што законот ја обврзува, се тврди во истражувањето.

Нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата.

Во едночасовната епизода, новинарите на ИРЛ, прашуваат дали методата на хемофилтрација за која во болницата се наплатувало меѓу три и пет илјади евра, е одобрена за лекување на заболени од ковид, но и која била причината за пост-ковид компликациите на пациентите лекувани во оваа клиниката, поради кои, како што се наведува, некои од нив подоцна дури и починале, и покрај услугите кои скапо ги плаќале.

Од семејството Брезеви од Велес, чиј член починал во оваа приватна клиника, во емисијата сведочеа дека му биле направени неколку хемофилтрации, за што, како што тврдат, не била побарана нивна согласност. Исто така, Брезеви изјавија и дека тој добил повеќе интрахоспитални бактериски инфекции кои влијаеле на влошување на неговата состојба.

Во регистарот на клинички испитувања на МАЛМЕД, од ИРЛ не нашле  одобрение за ниту една од клиничките испитувања за лекување пациенти со ковид-19 со хемофилтрација, кои се вршеле во клиниката Жан Митрев.

Новинарите на ИРЛ денеска изјавија дека по објавување на истражувањето, во коешто се опфатени 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражувале околу две години, добиле околу 150 нови пријави од граѓани, со поплаки за оваа, но и за лекувањето во други приватни и јавни здравствени установи.

ИРЛ во емисијата тврди дека Клиниката Жан Митрев никогаш од МАЛМЕД не побарала одобрување на клиничката студија, а за време на пандемијата воопшто не го известила Центарот за јавно здравје Скопје  дека во болницата имало случаи на интрахоспитални инфекции.

Директорот на МАЛМЕД, Лирим Шабани, изјави:

„Законот е јасен. За секое клиничко испитување треба одобрение од МАЛМЕД. По здравјето никој не смее да се осмели да се нафати со такво нешто. Без дозвола за возење, да се нафатиш автобус да возиш… Така да, ќе бидат санкционирани најверојатно сите тие институции што ќе презмат на своја рака активности во таа насока“, вели Шабани.

„За овие две години, до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не е доставена претставка за хемофилтрација“, изјави директорката на Инспекторатот, д-р Ирина Сотирова Бухова.

Со соопштение до јавноста денеска се огласија и од Клиниката Жан Митрев, во кое се наведува дека „деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница „Жан Митрев“.

Од оваа клиникаа додаваат дека се „згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката“. Најавуваат и дека ќе ги искористат сите правни можности согласно законите, да ги  спречи овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на институцијата.

(Љ.Б.)

 

 

Жан Митрев ИРЛ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.