Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за злоупотреба на службена положба во Агенцијата за филм

0
By Нова ТВ on February 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното Јавно Обвинителство (ОЈО) поднесе обвинителен акт за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување против директорот на Агенцијата за филм, кој во периодот од 21 јануари во 2016 година до 14 јуни во 2017 година, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на границите на службеното овластување, за правното лице „Јадран Филм ДООЕЛ Скопје“ прибавила значителна имотна корист од 68.000.000 денари.

„Спротивно на член 18 од Законот за филмска дејност, таа незаконски раководела со постапката за избор, исплата на одобрени парични средства и надзор над производството на филмски проект – „Македонија“, играна серија од четири сезони“, соопштија од Јавно Обвинителство.

По објавен конкурс за финансирање проекти од национален интерес, на 21 јануари во 2016 година, се појаснува во соопштението, обвинетата дала предлог за избор на проектот „Македонија“, а ваквиот предлог бил прифатен од Управниот одбор на Агенцијата за филм. На 10 февруари во 2016 година, таа склучила договор со правното лице „Јадран Филм ДООЕЛ Скопје“ за финансирање на проектот во износ од 283.000.000 милиони денари без да обезбеди банкарска гаранција во висина од 25 проценти од износот на одобрени средства.

„Притоа, не биле приложени ниту потврда за обезбедени сопствени парични средства на „Јадран Филм ДООЕЛ Скопје“ во износ од 17.988.750 милиони денари, детален буџетски приказ со спецификација на планирани средства за реализација на секоја ставка по цена, количина и број, разработен план за снимање на серијата со наведено времетраење и локација, а не постоел ниту доказ за успешност, односно претходно продуцирани филмови од наведеното правно лице. Договорот бил склучен само врз основа на приложен концепт за серија наместо изготвено сценарио“, стои во соопштението.

На 26 октомври во 2016 година, обвинетата склучила анекс-договор со кој го намалила бројот на епизоди во првата сезона од 25 на 14. Ден подоцна, без претходно одобрение од Управниот одбор, се подвлекува во соопштението, склучила втор анекс-договор со кој дозволила однапред да се изврши исплатата на одобрени средства за првите две фази од воведната сезона на проектот во износ од 68.000.000 милиони денари, иако била обврзана исплатата да ја врши за секоја фаза одделно врз основа на претходно доставен и одобрен извештај за наменски потрошени средства со доказ за извршени исплати.

„На 23 ноември во 2016 година, обвинетата наложила исплата на износот, иако знаела дека „Јадран Филм ДООЕЛ Скопје“ не постапил по Договорот, односно воопшто не ја спровел првата фаза од проектот – развој и подготовка, не создал услови за отпочнување на снимањето, не ангажирал директор на фотографија, актери, монтажер, костимограф, сценограф, опрема за снимање и камермани. На 14 јуни во 2017 година, при постоење на истите околности, по претходна одлука на Управниот одбор, обвинетата склучила трет анекс-договор со кој го продолжила времетраењето за производството на првата сезона и со тоа и нанела значителна имотна штета на Агенцијата за филм“, соопштија од ОЈО.

Истражната постапка во овој предмет најпрво ја водеше ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, но во текот на постапката се утврдило дека станува збор за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, па предметот бил доставен на надлежно постапување во Основното Јавно Обвинителство Скопје. По приемот на предметот, надлежниот јавен обвинител презел и дополнителни истражни дејствија, а по нејзино барање бил извршен и дополнителен распит на осомничената, по што до Основниот кривичен суд Скопје беше поднесен Обвинителен акт. За обвинетата во сила се претходно определени мерки на претпазливост.

За малверзации во случајот со серијата „Македонија“ пишуваше Нова ТВ на средината на минатиот месец.

„Јадран филм“ обвинение ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.