Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО: Оформени 42 предмети за изборни нерегуларности

0
By Нова ТВ on December 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека до овој момент врз основа на кривично правни настани се оформени вкупно 42 предмета со изборни нерегуларности.

Од нив 20 предмети се оформени по службена должност по допрен глас по наводите објавени во медиумите, на порталите, по социјалните мрежи.

Оформени се три предмети по кривични пријави поднесени од физички лица за сторено кривични дела поврзани со изборниот процес.

Деветнаесет предмети се оформени и по нив се постапува од поднесоци доставени од здруженија на граѓани, политички партии и институции. Од нив, два предмети се оформени по испратен поднесок на електронската адреса на Комисијата за следење на изборни нерегуларности, останатите седумнаесет се оформени по писмено доставување по пошта на пријави.

Голем дел од пријавите поднесени од здруженија на граѓани или политички партии, пристигнаа по оформување на  предмети по допрен глас за истите настани. Стигнатите кривични пријави беа придружени кон основниот предмет оформен по допрен глас и препратени кај надлежните обвинителства на натамошно постапување.

– Сите 42 оформени предмети ЈО ги препрати на итно постапување до надлежните Основните јавни обвинителства. При тоа, согласно дадените насоки од Јавното обвинителство на Република Македонија, Основните јавни обвинителства во секој од предметите итно преземаат мерки и дејствија со цел расветлување на настаните, утврдување на фактите за откривање на евентуална кривична одговорност.

Се испитуваат подносители  на пријавите, сведоци, лица кои можат да помогнат во откривање на настаните, издадени се бројни Наредби до Министерството за внатрешни работи за прибирање на потребни факти и податоци во предметите, како и до други институции за прибирање на потребни информации. Постапувањето на Основните јавни обвинителства ќе продолжи се до утврдување на фактичката состојба и донесување на јавно обвинителска одлука, за што Јавното обвинителство на Република Македонија дополнително ќе ја извести јавноста, се вели во соопштението.

Јавното обвинителство исто така наведува дека преку Комисијата за следење на изборни нерегуларности  и преку редовното работење на надлежните Основните јавни обвинителства ќе продолжи со  постапување во сите предмети, ценејќи ги сите основи кои укажуваат на основи на сомнение  или основано сомнение за сторени изборни нерегуларности.

Оваа институција ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции, сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со изборниот процес, да достават поднесок / пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности  на  електронската адреса izbori@jorm.gov.mk и до сите надлежни Основни јавни обвинителства.

Избори 2016 изборни нерегуларности ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.