Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО поднесе обвинение против 8 лица за грабежот во Тутунска банка

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска до Кривичниот суд поднесе обвиненија со кои се опфатени 8 лица, заедно со предлог мерки за обезбедување присуство.

„Обвинителството утврди дека во периодот од 31.03.2017 година до 08.04.2017 година, првите четворица обвинети опфатени во Обвинителниот акт, со умисла и во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле парични средства во значителен износ од 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. На 10.04 2017 била извршена кражба и на 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра“, пишува во соопштението од ОЈО.

Надлежниот обвинител до судот достави Обвинителен акт против првите четворица, од кои за тројца и предлог за продолжување на мерката – притвор, а за едно лице во сила се веќе определени мерки на претпазливост.

Првообвинетиот, Бобан Смилевски вработен во Тутинска банка и второбвинетиот се гонат за  Затајување и Тешка кражба. Третиот обвинет со Обвинителниот акт се товари за кривичното дело – Тешка кражба со помагање, додека пак четвртото лице е обвинето за кривичното дело – Затајување со соизвршителство.

За кривичното дело – Тешка кражба од член 236 став 3, што се однесува на предмети во вредност од големи размери, пропишана е затворска казна од 3 месеци до 10 години. За кривичното дело од член 239 став 5 – Затајување, законикот пропишува затворска казна од една до 10 години.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот денеска до судот достави и Обвинителен предлог против останатите четворица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување им биле доверени определен круг на работи, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ.

Согласно Кривичниот законик, предвидена казна за ова кривично дело е затвор од 6 месеци до три години, како и задолжително изрекување и на парична казна за сторителите.

„Во текот на досегашната постапка, по предлог на надлежниот обвинител беа од судот определени мерките – Забрана на финансиски трансакции од член 200 став 7 и 8 во врска со став 1 од Кривичниот законик кои исто така остануваат во сила. Со поднесување на обвиненијата, обвинителството достави и Посебен предлог за привремено одземање на имот заради обезбедување против едно лице опфатено со Обвинителниот акт. Предлогот се однесува на забрана за отуѓување, ставање хипотека и на друг начин располагање со недвижен имот кој обвинителството детално го наведе во обвинението, како и забрана за располагање со подвижни предмети во сопственост на обвинетото лице“, соопштија од ОЈО.​

Грабежот од централата на Тутунска банка се случи помеѓу 6 и 10 април. Обвинетиот Смилевски парите од банката ги извадил во неколку наврати и досега не се најдени.

грабеж Тутунска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.