Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО поднесе обвинение против две лица за нападот врз новинарската екипа на Аласат М

0
By Marija Todorovska on July 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинение против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО Скопје денеска соопшти дека на 9 јули, во близина на отпад за старо железо на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, обвинетите маж и жена заедно, со употреба на сила ги попречиле оштетените новинар и снимател на ТВ Алсат М во нивните службени дејствија, односно да известуваат за настанатиот пожар на отпадот во Визбегово.

Новинарот и снимателот, со телевизиски беџови, пристигнале на локацијата за да снимаат прилог, но двајцата обвинети најпрво им кажале дека немаат дозвола за снимање затоа што отпадот бил приватен имот на кој тие се сопственици. Кога телевизиската екипа сепак продолжила со вршење на нивната службена дејност, најпрво жената физички го нападнала снимателот, го удрила со нога и со бокс, го фатила за врат и ја превртела и ја оштетила камерата. Новинарот застанал меѓу нив за да го заштити снимателот и опремата и започнал да снима со мобилен телефон, стои во соопштението на ОЈО.

Обвинетата, како што е наведено, го удрила и него со нога, му го удрила телефонот, кој паднал на земја и му го одзела. Во тој момент пристапил и обвинетиот со закани и навреди, па на новинарот му удрил шлаканица и го избркал од местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определените мерки – притвор за обвинетиот и куќен притвор за обвинетата.

 Во исто време, продолжува и предистражната постапка во однос на настанатиот пожар на отпадот и последиците од него. Надлежниот јавен обвинител и вчера вршеше увид на лице место на локацијата која е обезбедена. До Основното јавно обвинителство Скопје се доставени и резултатите од мерењата на токсичните материи во воздухот во Скопје непосредно по пожарот што по барање на надлежниот јавен обвинител ги изврши специјален тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ. Тие резултати се анализираат, а во меѓувреме се преземаат и други дејствија со цел да се испитаат сите сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи, стои во соопштението на ОЈО Скопје.

напад новинари обвинение ОЈО тв алсат м
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.