Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Продолжува истрагата за случајот на поткуп при посвојување деца

0
By Нова ТВ on July 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека во моментов не се создадени услови за финално донесување на јавно обвинителска одлука во врска со предметот што го отвори по допрен глас за случајот на наводен поткуп во постапка за посвојување на деца, и дека поради сериозноста на податоците до кои дојде јавниот обвинител, има потреба од натамошно проучување и испитување на сомнежите за евентуално сторено кривично дело и утврдување на евентуална кривична одговорност на сторителите.

-Постапувањето на јавниот обвинител во предметот ќе продолжи во континуитет, се до целосно утврдување на фактите и донесување на јавно обвинителска одлука, се вели во соопштението.

Од ОЈО објаснуваат дека по објавите во медиумите за овој случај, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презеде многубројни дејствија за утврдување на фактите во предметот. Прибрана е целокупната документација од Јавната установа – Меѓу општинскиот центар за социјална работа Скопје, а во врска со водењето постапка за посвојување на дете од страна на лицето кое како оштетена го објави случајот преку телевизиски настап. При тоа, оштетената објави наводни незаконитости во процесот на посвојување, според кои, откако како на потенцијален иден законски застапник на детето и бил побаран поткуп и истиот не бил даден, таа била експресно обвинета и осудена за семејно насилство.

Обвинителството ја прибра и релевантната документација од Министерството за труд и социјална политика и од Јавната здравствена установа Геронтолошкиот завод „13 ноември “ Скопје. Беа сослушани единаесет лица во својство на сведоци. Меѓу повиканите  беа и претставници на Меѓу општинскиот центар за социјални работи Скопје, Геронтолошкиот завод, поранешен министер за труд и социјална политика, како и вработена од детска градинка во која престојувало детето.

-По повеќемесечното интензивно постапување во предметот и прибирање на материјалните и вербални докази, како и нивно разгледување и анализа, надлежниот обвинител цени дека во моментов не се создадени услови за финално донесување на јавно обвинителска одлука. Но поради сериозноста на податоците до кои дојде јавниот обвинител, има потреба од натамошно проучување и испитување на сомнежите за евентуално сторено кривично дело и утврдување на евентуална кривична одговорност на сторителите, се вели во соопштението од ОЈО.

 

истрага ОЈО посвојување деца поткуп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.