Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО Скопје привршува со изведување докази во предметот за измама во приватната клиника „Жан Митрев“

0
By Marija Todorovska on April 4, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2024 11:57

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека надлежниот јавен обвинител е во завршна фаза со изведување на обемниот доказен материјал во предметот за кривично дело „измама против сопственик на приватна здравствена установа и против клиниката“. Во текот на доказната постапка, како што е наведено во соопштението, Обвинителството изведе материјални и вербални докази, мислења на стручни авторитети, како и докази за јавни настапи со кои обвинетиот лажно ги презентира фактите во однос на употребата на хемофилтрацијата.

-Во текот на изведувањето на доказите, Обвинителството беше и останува воздржано во однос на јавно пласираните целосно лажни информации за текот на судската постапка, цврсто држејќи се на ставот дека своите аргументи ќе ги изложува единствено во судницата, со максимално почитување на Законот за кривична постапка, велат од ОЈО Скопје.

Меѓутоа, како што е наведено во соопштението, од почетокот на судскиот процес, преку медиуми во кои како огласувач се јавува обвинетото правно лице, се забележуваат обиди да се врши притисок врз сведоците и врз предметниот јавен обвинител со цел да се дискредитира обвинението кое е поткрепено со докази во однос на сите елементи на кривичното дело кое се става на товар на обвинетите.

-Наведените објави се неверодостојни, односно не одговараат на вистинскиот тек на судската постапка и на содржината на исказите дадени пред судот, а дел од сведоците реагираат дека им предизвикуваат вознемиреност и ги чувствуваат како форма на притисок, истакнуваат од ОЈО Скопје.

Поднесениот обвинителен акт во овој предмет, како што се додава во соопштението, веќе ја помина првата проверка на Судот во однос квалитетот и дозволеноста на предложените докази и во целост беше одобрен од судијата за испитување на обвиненија.

-Во тековни постапки кои се уште не се завршени и кога се уште се испитуваат сведоци и оштетени, важно е јавноста да биде објективно информирана. Одговорноста за изнесување ставови во врска со текот на судска постапка е уште поголема за претставници од стручната правна фела, кои во конкретниот случај коментираат и заземаат став во корист на обвинетиот со произнесување околу докази кои се уште не се изведени пред Судот, а без притоа воопшто да присуствуваат на судските рочишта, истакнуваат од скопското Обвинителство.

Оттаму посочуваат дека еден дел од ваквите објави содржат директни навреди и обиди за дискредитација на надлежниот јавен обвинител што заедно со многубројните обиди на одбраната за одолговлекување на постапката, само укажува на силата на доказите изведени до сега пред Судот.

-Основното јавно обвинителство Скопје е целосно уверено дека намерното лажно претставување на исказите на сведоците и отворените јавни притисоци во овој предмет нема да влијаат врз исходот на постапката и дека судот ќе донесе мериторна одлука врз основа на изведените докази. Следното судско рочиште е закажано за понеделник, 8 април, се наведува во соопштението.

Жан Митрев измама ОЈО Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.