Published: Tuesday, March 10, 2015 11:38
Околу 95 затвореници побегнале од затворите на џихадистите во северна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Помеѓу нив и 30 курдски борци. Затворот се наоѓа во градот Ел Бабу, близу турската граница.
Во „исламскиот калифат“ кој џихадистите сами го прогласија на територија на Сирија и Ирак, Исламската држава води сопствени затвори, судови и други институции.
Помеѓу луѓето кои побегнале од ИД, освен курдските борци и цивили, избегале и членови на исламскиот баталјон кои се против радикализмот кој го презентира ИД, наведува Опсерваторијата.




