Published: Thursday, October 22, 2015 10:40
Според полицијата на Словенија, рано изутринава во земјата пристигнала досега најголемата група од две до три илјади бегалци. Група бегалци минала во Ригонце околу четири часот наутро, а синоќа во Бизељско имало 1.500.
Портпаролката на полицијата на Ново Место, Аленка Дреник изјави дека двете групи пристигнале без претходна најава на хрватските власти.
Група од 2.200 бегалци го напуштиле синоќа прифатниот центар во Словенија и минале на територијата на Австрија.




