Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Оксфам“: Mилијардерите двојно го зголемија богатството за две години пандемија

0
By Sashko on January 17, 2022 СВЕТ
Фото: ecotextile.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двојно е зголемено богаството на десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на падемијата со коронавирусот – од 700 милијарди долари на 1,500 милијарди долари или во просек 1,3 милијарди долари дневно, се наведува во извештајот на невладината организација „Оксфам“.

Повеќе од 160 милиони луѓе, пак, се очекува да паднат под прагот на сиромаштија, се посочува во извештајот „Нееднаквоста убива“, објавен денеска пред публикувањето на програмата на Светскиот економски форум во Давос.

„Оксфам“ ја опишува нееднаквоста како „економско насилство“ и вели дека тоа е поврзано со смртта на 21.000 луѓе секој ден, поради недостиг на пристап до здравствена заштита, глад, климатски промени итн. Во исто време, богатството на милијардерите се зголемило во текот на пандемија повеќе отколку во претходните 14 години.

„Оксфам“ забележува дека пресметките за богатството се засноваат на најсовремените и најкомплетните достапни податоци. Организацијата го искористи и рангирањето на милијардери што го направи американскиот бизнис магазин „Форбс“.

Според листата на „Форбс“, десетте најбогати луѓе во светот се: извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, основачите на „Гугл“, Лери Пејџ и Сергеј Брин, основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, поранешните извршни директори на „Мајкрософт“, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешен извршен директор на „Оракл“, Лари Елисон, американскиот инвеститор Ворен Бафет и сопственикот и извршен директор на француската компанија за луксузни производи LVMH Бернард Арно. Според извештајот, растечките економски, родови и расни нееднаквости, како и нееднаквостите меѓу земјите, го уништуваат светот во кој живееме.

Не е прашање на случајност, туку на избор. Економското насилство се случува кога се одржуваат структурни политички избори во служба на најбогатите и најмоќните луѓе. Ова предизвикува директна штета на сите нас и на најсиромашните, жените и девојките и особено расно поделени групи, пишуваат авторите на документот.

„Никогаш не било поважно од сега да почнеме да ги коригираме неправдите на оваа непристојна нееднаквост со „одземање“ на дел од огромното богатство на елитата, вклучително и преку оданочување. Тие пари треба да се вратат обратно во реалната еконоимија и да спасат животи, нагласува генералната директорка на Оксфам, Габриела Бухер.

Според неа, пандемијата со ковид-19 јавно ја покажа алчноста и можноста со политичи и економски средства крајната нееднаквост да стане инстримент за економско насилство.

богатство Ковид-19 Милијардери Оксфам Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.