Украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денес во недела договорија телефонски состанок на кој повторно ќе се обидат да најдат решение за кризата во Украина.
Меркел и Оланд тукушто се вратија од Москва каде што преговараа со Путин во текот на пет часа но признаа дека не се сигурни дека нивната мировна иницијатива ќе успее. Тие сметаат дека мора да се оди до крајот на оваа “последна шанса” за мир додека на теренот ситуацијата е напната.
Франко-германскиот план предвидува повеќе автономија за источните региони на Украина. Тој предвидува демилитаризирана зона од 50 до 70 км во ширината на линијата каде што се наоѓа фронтот. Ова го објасни францускиот претседател на француската телевизија.
“Ако не успееме да најдеме трајно мировно решение, добро го знаеме сценариото. Тоа има едно име и се вика војна”, рече Оланд.
Во саботата Порошенко, кој се наоѓа на една конференција во Минхен, покажа пасоши на руски војници за да докаже дека станува збор руска агресија и присуство на руски трупи во неговата земја.
Во Михен исто така американскиот потпретседател Џо Бајден го повика Путин да покаже со дела а не со зборови дека спремен за политичко решавање на кризата.
“Премногу често претседателот Путин ветуваше мир и испраќаше тенкови, трупи и оружје”, рече Бајден.
Германија смета дека наредните два до три дена ќе бидат одлучувачки за успехот на франко-германската иницијатива.




