Претседателот на Франција, Франсоа Оланд по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел вчера, најави дека ќе побара експресна екстрадиција на најбараниот терорист во Европа, Салах Абдеслам кој беше уапсен во Брисел.
>> Салах Абдеслам: Кој е најбараниот човек во Европа?
Тој се сомничи за логистичката поддршка на терористите што ги извршија нападите во Париз на 13 ноември минатата година.
Сала Абделслам е Французин со мароканскот потекло и има 26 години. Осомничен е дека играл клучна улога во париските атентати во кои загинаа 130 лица. По париските атентати беше распишана меѓународна потерница по него.
Но од средината на ноември досега полицијата не можеше да му влезе во трага. На 14 ноември стасал во Брисел каде што се криел три недели во стан каде што биле најдени неговите отисоци уште во декември.




