Ниедна европска земја не може да биде исклучена од прифаќањето на бегалците кои имаат право на азил, порача францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Никој не може да биде исклучен, или беќе нема да бидеме унија изградена на вредности и принципи, изјави Оланд при посетата во Мароко.
Во текот на следната недела ќе се кршат копјата за тоа како Европа да се справи со длабоката поделба меѓу земјите во Унијата во однос на бегалците.
Состанокот е закажан за во Брисел во вторник, 22.септември, каде ќе се разгледува повторно идејата за задолжителни квоти за прифаќање на бегалците кои се во Грција, Италија и Унгарија.
За оваа идеја најмногу се борат Германија и Франција, меѓутоа поединечни земји строго опонираат, додека Унгарија на пример, воопшто не сака ни да учествува во распределбата.




