Published: Friday, June 26, 2015 13:43
Францускиот претседател Франсоа Оланд го нарече терористички напад, нападот на една фабрика во близина на Лион, при што еден човек е обезглавен.
Други двајца се повредени во нападот во фабрика за гас, рече Оланд. Тој рече дека осомничениот за нападот е уапсен и идентификуван. Обезглавениот човек бил прекриен со прекривка испишана со арапски букви и оставен на влезот на фабриката. Во фабриката исто така имало уште две знамиња со арапска содржина.
Нападот доаѓа на речиси шест месеци од исламистичките напади во Франција кои започнаа со нападот на сатиричниот весник Шарли Ебдо.




