Актуелниот француски претседател, Франсоа Оланд, ја соопшти одлуката да не се кандидира за претседател на изборите во Франција кои ќе се случат следната година.
– Одлучив да не бидам кандидат. Во наредните месеци мојата единствена должност ќе биде да продолжам да ја водам земјата, изјави Оланд, кој притоа потенцираше дека сака да им остави можност на неговите колеги да го победат конзерватизмот екстремизмот.
Во изјавата, Оланд рече и дека не знае колкави се неговите шанси да ја добие поддршката во својата матична партија поради поделеното мислење околу неговите политики.
– Свесен сум за ризикот доколку не добијам широка поддршка, вели Оланд.
Според информациите внатре од Социјалистичката партија, актуелниот премиер Мануел Валс е најсериозниот кандидат да влезе во трката за претседател.
Кај конзервативците, Франсоа Фијон убедливо ќе ја победи лидерката на партијата на крајната десница, Марин ле Пен, покажуваат резултатите на анкетата „Харис интерактив“.
Од „чиновник“ до иден претседател на Франција: Кој е Франсоа Фијон
Фијон според анкетата ќе ја победи Ле Пен во вториот круг од изборите со 67 отсто од гласовите, наспрема 33, колку што ќе освои таа, објави Ројтерс.




