Францускиот претседател, Франсоа Оланд, вели потребна е валада на еврозоната, а Франција е подготвена да влезе во една “засилена организација“, пренесува „Журнал ду диманш“.
– Јас предложив да ја преземеме идејата на Жак Делор за влада на еврозоната и да се изработи посебен буџет, како и Парламент за да се обебзеди демократската контрола, вели францускиот претседател, по повод јубилеј на Делор, и грчката криза.
Оланд вели користењето на една иста валута значи многу повеќе од само усогласување.
– Се работи за избор на 19 земји, кои го направија бидејќи тоа беше во нивни интерес. Ниту една влада, од друга страна, не ја презеде одговорноста да излезе (од еврозоната). Овој избор бара засилена организација и Франција е подготвена заедно со земјите што ќе согласат на тоа, да создаде една авангарда, бидејќи како што ни покажа Жак Делор нештата секогаш стануваат поголеми кога Франција ја има иницијативата во Европа, смета претседателот на Франција.




