Преродба и регенерација.
Тоа беше пораката зад свеченото отворање на Олимпијадата во Рио 2016 година.
Од супермоделот Жизел Бундшен до ветувањето на спортистите дека ќе биде засадена шума по завршување на Игрите, големата ноќ во Бразил го поздрави минато на земјата и посочи кон позелена иднина.
Денот на протести против Бразил да биде домаќин на Игрите, и отстапи место на ноќта на грандиозност на стадионот Маракана, иако буџетот е една десетина од големината на оној во Лондон пред четири години.
Двеста и седум делегации дефилираа во 20 часот по бразилско време или во 1 часот по полноќ во Македонија.
Церемонијата беше поделена во три дела: едниот посветен на трајниот развој, вториот го носеше називот “градината на светот” во чест на амазонската џунгла и третиот посветен на методот “направи сам”.
Церемонијата не беше ексцентрична како во Лондон, ниту пак грандиозна како во Пекинг, но беше полна со емоции за да го допре секој кој што ќе ја гледа. “Тоа е бразилската порака што сакаме да ја испратиме”, изјави Марко Билич, италијанскиот организатор на церемонијата.
И Македонија има своја спортска делегација во Рио.
За Бразил отпатуваа Нина Балабан (спортско стрелаштво 10 м. воздушна пушка), Анастасиа Катерина Богдановски (пливање 200 метри слободно), Катерина Николоска (џудо – 63 кгр), Марко Блажевски (пливање 200 метри мешано), Ристе Пандев (атлетика 100 метри) и Дрита Исљами (атлетика 400 метри со пречки).
Македонското знаме на вечерашната церемонија на отварање на игрите го носеше Анастасиа Катерина Богдановска.






