На 9. јули од 20:30 часот, Кинотеката организира омаж на Стефан Сидовски-Сидо, еден од најзначајните автори на македонскиот аматерски филм и истакнат филмски педагог. Ќе биде прикажан избор од неговото богато творештво, кое се одликува со интелектуална провокативност, сатиричен пристап и со филозофски идеи.
Преку своите филмови, Сидо отвора прашања за човекот, моќта, технологијата и современиот свет, оставајќи траен белег во македонската филмска култура. Генерации филмофили и негови ученици го паметат како инспиративен професор и неуморен промотор на филмската уметност, велат од Кинотеката.
Ќе бидат прикажани неговите филмови „Полуден револуционер“, „Големото око“, „Привид“, „Писмо“, „Надеж“, „Самрак на цивилизацијата“, „Дискурс“, „Идентификација“, „Илузија“ и „Средба.
На програмата е и документарниот филм „Сидо“, во режија на Тамара Котевска.




