По повод Конференцијата за климатски промени што се одржува во Париз, поставена е инсталација од мраз во облик на часовник, омаж за Арктикот, кој е најтешко погоден од климатските промени.
Часовникот се состои од 12 блокови мраз, тешки по десетина тони, донесени од Гренланд и е поставен на плоштадот пред Пантеон у Латинскиот кварт.
Проектот чија цел е да го сврти вниманието на јавноста кон проблемите на глобалнто затоплување, е дело на данскиот уметник Олафур Елиасон и на геологот Миник Розинг.
Часовникот од мраз полека ќе се топи и притоа ќе биде предупредување дека секој дел од секундата на планетата се стопуваат околу 100 тони мраз.
Целта на Самитот во Париз е потпишување спогодба со која ќе се овозможи задржување на температурите под два целзиусови степени во однос на прединдустриската ера.




