Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОМД – Ковачевски: Северна Македонија да се најде на листата на САД за безвизен режим

0
By Ана Василевска on May 9, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ОМД на вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, која се одржа во Амбасадата во Вашингтон, побара дигитализација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи, известуваат од ОМД.

Нашите иселеници го поздравиле стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и САД. Оттаму истакнуваат дека активно се залагаат за потпишување на договор помеѓу Северна Македонија и САД против двојно оданочување, како и за тоа нашата држава да стане дел од листата на земји со безвизен режим.

„ОМД изрази благодарност за отворената врата на амбасадорот Зоран Попов, како и премиерот Димитар Ковачевски за отворениот дијалог и ќе продолжи со своите напори во зголемување на поддршката за Македонија во Конгресот на САД преку Групата за Пријателство со Македонија и македонско-американската заедница во која членуваат“, посочуваат од ОМД.

Оттаму соопштуваат дека со премиерот Ковачевски имале отворена дискусија околу унапредување на односите со иселениците.

„Водечката невладина непартиска организација на Македонците во дијаспората – ОМД ги потврди и изрази своите долгогодишни ставови против промената на името како и било какви уставни измени како услов за почетокот за преговорите за членство во Европската Унија и последиците кои доаѓаат со тие промени. ОМД посочи дека во Македонија малцинствата ги уживаат сите демократски права, и дека во ниедна друга држава во Европа нема толку министерски позиции застапени од страната на малцинствата. ОМД посочи дека правата на Македонците во соседните земји се тотално обесправени“, истакнуваат од ОМД.

Македонска дијаспора ОМД САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.