Подваријантата на Омикрон, стелт, останува доминантна во Македонија,  покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, во чија лабораторија вчера биле испитувани примероци пристигнати за тестирање во периодот од 28. март до 2. април годинава.

– Изработени се 92 примероци (од клиника и од пунктови) позитивни на SARS  CoV-2 со RT-PCR (три гена) од Скопје, Кавадарци, Тетово,Велес, Штип, Охрид и Гевгелија. Од нив, 6 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот,  подваријанта БА1, што изнесува околу 6.5 отсто, додека 86 примероци се позитивни на БА2 подваријантата на омикрон-стелт, што изнесува околу 93.5 отсто, информираат од ИЈЗ.