Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Омо Илинден Пирин: Претседателот Радев лаже и клевети граѓани на Бугарија

0
By Mirjana on February 1, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Не можеме, а да не реагираме на неодговорната изјава на претседателот Радев за „сепаратистичките ставови и тврдењата за малцинство што ги исповеда народот со кој се среќава претседателот Пендаровски“. Неговата изјава е лага и клевета и како таква е срамна за сите а особено за претседател, бидејќи срамот паѓа на сите граѓани, стои во соопштението од ОМО Илинден Пирин кое вечерва е дистрибуирано до медиумите по повод изјавата на бугарскиот претседател Радев, прашан да ја коментира средбата на македонскиот претседател Пендаровски со претставници на македонската заедница во Бугарија, на што одговорил.

– Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата, рече претседателот Радев. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски, гласи изјавата на Радев. 

– Нашата партија никогаш не прокламирала сепаратистички идеи. Досега ниту една македонска организација или Македонец во Бугарија не се обвинети, судени или осудени за сепаратистички дејствија. Лагата за сепаратизам се користи за да се оправда систематската дискриминација на која подлежат бугарските граѓани со македонска самосвест, што доведе до 14 пресуди против Бугарија од страна на Судот за човекови права во Стразбур.

Дискриминацијата на Македонците во Бугарија се рефлектираше во секој извештај на меѓународна институција за човекови права во врска со Бугарија во изминатите 18 години, и затоа Бугарија беше ставена под зголемен мониторинг во Комитетот на министри на Советот на Европа. Но, освен лаги и клевети, изјавата на Радев е израз и на ниска политичка култура. Тој ги поврзува малцинските права со сепаратизмот и во нив гледа нешто лошо и неприфатливо.

Да го потсетиме дека Бугарија ја ратификуваше Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и дека Република Бугарија во минатото официјално го призна македонското малцинство, кое оттогаш беше подложено на брутален прогон во комунизмот. А за информација на Радев, бидејќи тој одбива не само да не прими, туку дури и да одговори на нашите барања за средба – се бориме за демократизација и европеизација на Бугарија, за човекови права, за запирање на негирањето на македонското малцинство, запирање на систематската дискриминација, стигматизација, говор на омраза и маргинализација применети против него.

Сакаме да им овозможиме на бугарските граѓани со македонска самосвест рамноправно и целосно да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата – нешто што во моментов систематски им се ускратува. Срамота е Бугарија да ја водат политичари со сличен начин на размислување, се наведува во соопштението на ОМО Илинден Пирин.

ДЕКА СЕ СЕПАРАТИСТИ ИЗЈАВА РАДЕВ ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН реакција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.