Комитетот за човекови права при ОН ја повика Хрватска да им го обезбеди на националните мацинства правото да користат свој јазик и азбука, особено ќирилицата во Вуковар. Со тоа, Загреб се повикува да преземе мерки како би промовирал меѓунационална толеранција.
– Хрватска треба да обезбеди целосна примена на правото на користење на јазиците и азбуките на малцинствата во согласност со законските и уставни регулативи, со посебен акцент на ќирилицата во Вуковар, пишува во Извештајот на Комитетот.
Комитетот исто така изразува загриженост за репресиите од страна на органите кон припадниците на малцинствата, особено кон Ромите.
Во извештајот, земјата се повикува да работи на случајот за подобрување на третманот кон Ромите и Србита преку организирање на специјални тренинзи кои на органите ќе им помогнат да подобро се однесуваат и имаат почит за правата на малцинствата и да ги толерираат различностите.
Комитетот при ОН изразува загриженост и за проблемите со кои се соочуваат семејствата на жртвите од воените злосторства во своите обиди да добијат соодветна отштета.




