Published: Tuesday, June 16, 2015 16:14
Одделот за бегалци при Обединетите нации, соопшти дека над 23.000 лица избегале од Сирија во соседна Турција во периодот од 3 до 16 јуни, потпирајќи се на податоците добиени од турските власти.
Сиријците побегнале од борбите меѓу вооружените групи во градот Тел Абјад, соопшти портпаролот на УНЦХР, Вилијам Спиндлер.
Меѓу нив има и 2.182 Ирачани од Мосул, Рамади и Палуџа.
– Персоналот на УНХЦР соопштува дека повеќето од бегалците се исцрпени и уморни како и дека дошле носејќи со себе само по неколку работи. Некои оделе со денови, соопшти тој.




