ОН планираат да преместат до 10.000 нелегални мигранти од Либија во следната година во обид да се ублажат неволји со кои се соочуваат илјадници од нив осудени на се полошите услови во центрите за сместување во таа држава, изјави денеска претставникот на УНХЦР за Либија, Роберто Мињон.
– Оваа недела ќе испратиме од Либија 350 бегалци додека до крајот на јануари ќе испратиме најмалку илјада. Во 2018 година планираме од Либија да преместиме меѓу 5.000 и 10.00 бегалци, изјави тој.
Мињон потенцира дека предност имаат жените, децата, старите лица и лицата со инвалидитет. Тој нагласи дека ОН враќаат мигранти во африкански држави што се подготвени да ги примат назад, но и преговараат со европските држави и Канада за прифаќање на некои бегалци.
Вкупно 44.306 луѓе се регистрирани како бегалци и баратели на азил во Либија.




